• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Влада: Воздржаност од објавување на непроверени информации, за да не се создава дополнителна болка и стрес на јавноста

Влада: Воздржаност од објавување на непроверени информации, за да не се создава дополнителна болка и стрес на јавноста

Скопје, 19 март 2025 (МИА) - Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства, Владата преку соопштение ги замолува медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста.

Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи.

- Но, одредени медиуми повикувајќи се на разноразни непроверени извори шпекулираат со бројот на починати и дополнително придонесуваат за вознемирување на јавноста. Во овие моменти на тага, Ве замолуваме сите да се однесуваме одговорно, ова е трагедија за цела држава и да сочувствуваме со болката на најблиските, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Сѐ што има во интерес на истрагата, се додава, Владата, Министерството за внатрешни работи и сите други органи транспарентно и навремено преку прес-конференции и преку соопштенија известуваат за најновите информации.

- Никој нема да биде поштеден од одговорност, без разлика колкава и да биде вината на кој било инволвиран во овој случај, соодветно ќе одговара. Повторуваме дека ништо нема да биде скриено и стоиме на располагање за дополнителни прашања од интерес на јавноста, посочуваат од Владата.

Исто така, Владата донесе одлука за целосно покривање на трошоците за сместување и превоз на семејствата на повредените лица кои се лекуваат во странство. За побрза и поефикасна комуникација во таа насока е отворена и телефонска линија, а бројот е 070270370.

- Ова е најмалку што можеме да направиме во овие тешки и болни моменти, подвлекуваат од Владата.

Информираат дека Владата и Министерството за надворешни работи и трговија се во постојана комуникација со семејствата на повредените кои во моментот се лекуваат во други земји, но и оние кои тековно се испраќаат. цр/

Фото: МИА архива


Во прилог Ви ги испраќаме броевите


      Министерство за надворешни работи и надворешна трговија:


      075/273-732


      075/268-736


      Турција-Анкара


      +90 5316579200


      +90 5335725684


      Турција-Истанбул


      +90 542 810 99 78


      +90 552 561 80 09


      Грција-Атина


      +30 6944190134


      +30 6947736602


      Грција-Солун


      +30 694 525 8536


      Бугарија


      +359 876123768


      +359 876112993


      +359 889210005


      Србија


      +381 601382942


      +381 601427455


      Унгарија


      +363 03037377


      Литванија-Полска


      +48 608141191


      Австрија


      +436644680520


      +436767069209


      Словенија


      +386 41 353 198


      +386 40 800 747


      Хрватска


      +385 99 524 4741


      +385 91 608 2944


      Норвешка


      +47 406 31 613


      +47 922 34 630


      Италија


      +39 3384079247


      +39 3518504187


      Полска


      +48 608 141191


      Шведска


      +46 701844605


      +46 768792019

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан