• петок, 22 ноември 2024

Владата на Фицо ги отфрли критиките на ЕК за владеење на правото во Словачка

Владата на Фицо ги отфрли критиките на ЕК за владеење на правото во Словачка

Братислава, 21 август 2024 (МИА)  - Словачката влада денеска ги отфрли критиките на Европската комисија во однос на состојбата на владеењето на правото во земјата, нарекувајќи ги „лажни“.

Британските медиуми пренесуваат дека во својот годишен извештај за владеење на правото објавен минатиот месец, Европската комисија изрази загриженост за реформата на кривичното законодавство, укинувањето на специјалното обвинителство кое се занимава со корупција и недоволната независност на судството и медиумите во Словачка.

„Сметаме дека годинашното поглавје за состојбата во областа на владеењето на правото во Словачка е неурамнотежено и во некои делови дури и драстично погрешно“, се наведува во документот на словачката Влада во врска со извештајот на ЕУ.

И покрај интензивниот дијалог со Европската комисија, словачката Влада, предводена од популистичката партија СМЕР-ССД под водство на премиерот Роберт Фицо, тврди дека немала можност да коментира информации од трети извори кои биле користени во конечниот извештај на ЕК .

„Бројни проценки во извештајот се засноваат на написи од три дневни весници кои имаат антивладина уредувачка политика“, се наведува во документот.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан