• недела, 22 декември 2024

Владата на Етиопија прогласи „едностран и безусловен прекин на огнот“ во областа Тиграј

Владата на Етиопија прогласи „едностран и безусловен прекин на огнот“ во областа Тиграј
Адис Абеба, 28 јуни 2-21 (МИА) - Владата на Етиопија   прогласи „едностран и безусловен прекин на огнот“ во областа Тиграј, каде силите лојални на поранешните власти во регионот (ТПЛФ) го окупираа главниот град Мекеле. „Едностран и безусловен прекин на огнот е прогласен денеска до крајот на земјоделската сезона“, се вели во соопштението. Владата додаде дека е воведен прекин на огнот за да можат земјоделците да работат мирно и да се дистрибуира хуманитарна помош. Во неколкумесечните судири меѓу силите на централната влада на Етиопија и дисидентските власти во Тиграј загинаа неколку илјади луѓе. зш/

Остани поврзан