• сабота, 21 декември 2024

Владата најави разрешување на раководството на М-НАВ и ревизија на работењето

Владата најави разрешување на раководството на М-НАВ и ревизија на работењето

Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - Владата на следната седница закажана за во вторник, 9 јануари, ќе донесе одлуки врзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување н целото раководство и ревизија за досегашното работење, соопшти вечерва владината прес-служба.

-На иницијатива на премиерот Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки - целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени; да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес, стои во соопштението.

Воедно, се додава, премиерот Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио- сообраќај  да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Претмиерот Ковачевски и Владата во своето работење се водат од врвниот интерес за безбедноста на македонското небо и функционирањето на патничкиот и воениот авио- сообраќај, стои во владиното соопштение. нд/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан