• понеделник, 23 декември 2024

Владата им препорача на банките да ги исплатат декемвриските пензии заклучно со 31 декември

Владата им препорача на банките да ги исплатат декемвриските пензии заклучно со 31 декември
Скопје, 23 декември 2020 (МИА) - Владата на вечерашната редовна 33-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за декември годинава, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до петок за да се обезбеди пензионерите да може да располагаат со декемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од понеделник. Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 28.12.2020 година (понеделник), за пензии од 11.001-14.000 денари на 29.12.2020 година (вторник), за пензии од 14.001-18.000 денари на 30.12.2020 година (среда), и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.12.2020 година (четврток).вј/лв/

Остани поврзан