• недела, 22 декември 2024

Владата донесе одлука за забрана на летови од Велика Британија и Северна Ирска

Владата донесе одлука за забрана на летови од Велика Британија и Северна Ирска
Скопје, 21 декември 2020 (МИА) - Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за забрана на сите авионски летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија до крајот на 2020 година. Одлуката е донесена врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести. -Со оваа Одлука ќе биде задолжителна проверка на сите патници кои влегуваат на територијата на Северна Македонија од Велика Британија и Северна Ирска преку копнен граничен премин и на граничните премини на аеродромите во Скопје и Охрид и сите ќе бидат задолжително упатени во самоизолација од 14 дена, како и да пополнат пријава за влез во државата со податоци за местото на сместување, информира владината прес-служба. Комисијата за заразни болести ја препорача забраната за летови на денешниот утрински состанок, по информациите дека нов мутиран корона вирус се шири во Велика Британија.мч/са/

Остани поврзан