• вторник, 24 декември 2024

Владата го раскина договорот за државна помош со ТЕ-ТО

Владата го раскина договорот за државна помош со ТЕ-ТО
Скопје, 1 декември 2020 (МИА) - Владата денеска на седница донесе одлука за едностран прекин на договорот за државна помош со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје.
- Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од раскинување на Договорот за доделување на државна помош, и на Анексот на Договорот за доделување на државна помош, склучени помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ, и донесе Одлука за едностран раскин на овие договори заради фактот дека не се постигна согласност за создавање правна основа за оваа државна помош, соопшти попладнево Владата.
Согласно одлуката, ТЕ-ТО е должно да го плати долгот кон УЈП, а доколку во рамки на законот постои можност и се постигне договор, тогаш долгот да се плати на рати. бак/нд/

Остани поврзан