• четврток, 26 декември 2024

Владата го задолжи МВР да достави коплетна информација за случајот со новинарот Фуркан Салиу

Владата го задолжи МВР да достави коплетна информација за случајот со новинарот Фуркан Салиу

Скопје, 16 април 2024 (МИА) - Владата, на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери, го задолжи Министерството за внатрешни работи, да достави комплетна информација по однос на случувањата на настанот поврзан со новинарот Фуркан Салиу, согласно барањето од Советот на Европа за давање одговор околу овој случај, соопшти владината прес-служба.  

МВР на 11 април поднесе кривична пријава против новинарот и уредник на Портал х Фуркан Салиу. Салиу и уште едно лице се осомничени за спречување службено лице во вршење службено дејствие.

Салиу заедно со уште две лица беше приведен на 7 април за време на фудбалски натпревар помеѓу ФК „БВК Коњаре“ и ФК „Куманово“ во Средно Коњаре дека нападнал припадници на Единицата за брзо распоредување додека интревенирале пред крајот на натпреварот да дојде до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. МВР тогаш објави и дека при претрес на возилото на новинарот, кое во тој момент било управувано од друго лице, бил пронајден пиштол.

По разговорот во полициската станица Гази Баба, Салиу истата вечер беше пуштен на слобода.

За приведувањето на Салиу реагираа новинарските здруженија и синдикати, и Советот на Европа. са/ев/

Фото: МВР архива

Остани поврзан