• понеделник, 23 декември 2024

Владата ќе одржи редовна седница

Владата ќе одржи редовна седница
Скопје, 6 април 2021 (МИА) - Владата денеска ќе одржи редовна седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа, а дел од нив се однесуваат на економијата и образованието, информира владината прес-служба. На седницата, на предлог на Министерството за образование и наука ќе се разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование. Владата на предлог на Министерството за економија на седницата ќе разгледува неколку точки на дневен ред, меѓу кои Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка и Предлог-законот за изменување на Законот за енергетска ефикасност. Пред министрите, според дневниот ред на денешната седница, ќе се најде и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција, по скратена постапка. сст/дма/

Остани поврзан