• петок, 22 ноември 2024

Вкупно 819 кавадарчани за шест месеци побарале уверенија од судот за да можат да работат во странство 

Вкупно 819 кавадарчани за шест месеци побарале уверенија од судот за да можат да работат во странство 

Кавадарци, 10 јули 2023 (МИА) - Вкупно 819 кавадарчани за шест месеци побарале уверенија од судот за да можат да работат во странство. За ова денеска информираше претседателот на Основен суд со проширена надлежност Кавадарци, Лазар Нанев.  

Вкупно 429 граѓанин заминале во Хрватска, а во Бугарија 84, Словенија 82, Словачка 59, БиХ 26, Германија 34, САД 30, Франција 14, Црна Гора 14 и други земји. 

Инаку, 36 ученици од општината Кавадарци изминатава учебна година, во второто полугодие, се испишале и заминале во странство. Вака беше одговорено во месец јануари од Секторот за образование и спорт при кавадаречката локална самоуправа, на прашање од советникот Круме Богевски, во рамки на седница на Совет на општината. свд/дма/


Фото : МИА 

Остани поврзан