• сабота, 21 декември 2024

Вкупно шест медали за младинците на ППК „Зегин“ од Берово од Меѓународен турнир во пинг понг во Бугарија

Вкупно шест медали за младинците на ППК „Зегин“ од Берово од Меѓународен турнир во пинг понг во Бугарија

Берово, 21 септември 2024 (МИА) - Пингпонгарите на ППК „Зегин“ од Берово освоија шест медали на Меѓународниот турнир во пинг понг на кој вчера учествуваа во Димитровград, Република Бугарија. Екипата од Берово се натпреваруваше со своите младинци кои беа меѓу најдобрите во своите конкуренции. 

-На меѓународниот турнир во Димитровград и покрај проблемите кои ги имавме, вољата беше посилна и со задоцнување од 40 минути со разбирање на организаторот, децата од кола директно на маса, успеаа да бидат високо конкурентни, истакнаа од клубот.

На турнирот младите пингпонгари освоија едно злато, две сребра и три бронзи.

-Медалите ги освоија Моника Стајковска која во У-15 освои злато и во У-19 бронза, два сребрени медали освои Бојана Јовевска, Јован П. во У-11 освои бронза додека Кико Каламадевски во У-19 исто така освои бронзен медал, додадоа од ППК „Зегин“.

Од клубот се заблагодарија на сите поддржувачи кои овозможија патувањето во Димитровград да биде овозможено. вс/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан