• петок, 22 ноември 2024

Вишо јавно обвинителство: Извлечени 14 тела откако се урна дел од зградата на железничката станица во Нови Сад

Вишо јавно обвинителство: Извлечени 14 тела откако се урна дел од зградата на железничката станица во Нови Сад

Нови Сад, 1 ноември 2024 (МИА) - Во текот на истрагата по уривањето на дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад, од урнатините досега се извлечени 14 тела, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

Поради здобиените повреди во Клиничкиот центар во Војводина се примени три лица чиј идентитет се уште не е утврден, две жени и еден маж.

„Вишото јавно обвинителство Нови Сад ги презема сите мерки и дејствија согласно Законот, со цел да се утврди постоење елементи на кривично дело и одговорност за стореното, за што јавноста навремено ќе биде информирана“, се наведува во соопштението.

На железничката станица во Нови Сад денеска во 11.50 часот се урна бетонската настрешница на зградата на станицата. Под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани.

Во Србија утре е прогласен Ден на жалост. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан