• петок, 05 декември 2025

Високо француско признание за средното училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола

Високо француско признание за средното училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола

Битола, 11 ноември 2025 (МИА) - Француското Министерство за Европа и надворешни работи додели високо признание за средното општинско училиште, Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола.

Од Почесниот конзулат на Република Франција во Битола потврдија дека станува збор за брендот LabelFranceEducation кој на посебна церемонија ќе биде претставен и врачен во овој град.

-Оваа година битолската Гимназија одбележува 20 годишнината од реализацијата на двојазична франкофонска настава во гиманзијата. Поводно за јубилејот, францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер на гимназијата ќе и го врачи брендот LabelFranceEducation што  го доделува Француското Министерство за Европа и надворешни работи како признание  за извонредност на двојазичните франкофонски паралелки во странство, информираа од Почесниот конзулат на Франција во Битола.

На свечена церемонија со пригодна програма, пред претставници од општественото и културното живеење на градот, Гимназијата на 13 ноември во битолскиот Офицерски дом ќе го презентира своето дведецениско успешно интегрирање на францускиот јазик во  едукативниот процес. мт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан