• сабота, 21 декември 2024

Вирц го постигна првиот гол на ЕП 2024

Вирц го постигна првиот гол на ЕП 2024

Минхен, 14 јуни 2024 (МИА) - Германија и Шкотска играат со резултат 2:0 на „Алијанц арената“ во Минхен на воведниот натпревар на ЕП 2024.

Домаќините поведоа во 10. минута со голот на младата ѕвезда Флоријан Вирц. Мусиала зголеми на 2:0 девет минути подоцна.

Нема изненадувања во стартната 11-ка на Германија и Нагелсман типува на истиот состав кој започна со победите над Холандија и Франција во март. На голот е Мануел Нојер, двојка централни дефанзивци се Антонио Рудигер и Јонатан Та, а Џошуа Кимих и Максимилијан Мителштет ќе играат на двете крила. Роберт Андрич ќе игра покрај Тони Крос во средниот ред, додека Џамал ​​Мусиала, капитенот Илкај Гундоган и Флоријан Вирц го сочинуваат напаѓачкото трио зад Каи Хаверц.

Шкотска стартува со Че Адамс на врвот на нападот, а зад него стартуваат Џон Мекгин, Скот Мектоминај, Калум Мекгрегор и Рајан Кристи. Ендрју Робертсон и Ентони Ралстон ќе се потпираат на крилните позиции, додека тројцата централни бекови што ги избра Стив Кларк се Рајан Портус, Џек Хендри и Киеран Тиерни. дс

Фото: УЕФА ЕУРО 2024

Остани поврзан