• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вински музеј Кавадарци на мапата за туристи со коњи низ Тиквешко

Вински музеј Кавадарци на мапата за туристи со коњи низ Тиквешко

Кавадарци, 26 март 2025 (МИА) - Вински музеј Кавадарци е на мапата за туристи со коњи низ Тиквешко, Неколкумина странски  туристи дсенеска ја посетија оваа културна установа, откако претходно поминаа неколку километри на коњи, од една друга точка, во прекрасна еко и етно околина на тиквешкиот крај. Во музејот кој се повеќе привлекува внимание на домашни и странски посетители, тие се запознаа со богатата историја, култура и традиција на лозаровинарството во најголемиот лозаровинарски регион во државата, Тиквешкиот. 

- Благодарение на претходно остварената соработка, веќе втора година, Винскиот музеј за регион Тиквеш е на агендата на ваквите посети на туристите, кои овде може и да дегустираат и од богатата палета на тиквешки и македонски вина и ракии со извонреден квалитет. Во нашите две винотеки, ,,Градска" и ,,Центар", може и да си купат од производите од грозје од ова поднебје, кои кај нив оставаат извонреден впечаток, рече за МИА, директорката Елизабета Ристова. 

Ваквите тури ги организира Шерпа Хорс рајдинг. Нивниот претставник, Васко Величковски, изјави за МИА дека целта на ваквите посети е да се доживеат богатствата на земјата на еден поинаков начин, вклучувајќи го и винскиот туризам што е се поактуелен во светот. 

Настанот е дел од шестдневниот туристички пакет, што вклучува дестинациско јавање коњи и посета на села и винарии во Тиквешкиот регион. свд/дма/


Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан