• петок, 05 јули 2024

Вилијан: Артета сака да ја освои ЛШ пред да го напуштам Арсенал

Вилијан: Артета сака да ја освои ЛШ пред да го напуштам Арсенал
Лондон, 21 август 2020 (МИА) - Новиот фудбалер на Арсенал, Вилијан, зборуваше за целите на клубот за блиска иднина. - Една од причините што сакав тригодишен договор е да бидам дел од планот, а не само играч што поминува. Кога разговарав со Артета, тој ми рече зошто ми требаат три години. Тој сака прво да влезе во ЛШ и да ја освои пред да заминам. Ова е она што сакав да го слушнам. Во моите седум години во Челси, освоив се, освен Лигата на шампионите. Се надевам дека благодарение на овој трансфер ќе го добијам трофеј, кој сè уште го немам и ќе освојам уште една титула во Премиер лигата, истакна Бразилецот. Триесет и двегодишниот Вилијан за Челзи играше од 2013 година, а има и 7о настапи за бразилската репрезентација. зс/

Остани поврзан