• понеделник, 23 декември 2024

Виена полека ги става во употреба фонтаните и јавните чешми

Виена полека ги става во употреба фонтаните и јавните чешми
Лос Анџелес, 24 март 2021 (МИА) - Со почетокот на пролетта, повеќе од 1.155 јавни фонтани и чешми ќе се активираат во главниот град на Австрија, Виена. Првата фонтана што е пуштена во употреба се наоѓа во центарот на градот - Шварценбергплац. Таа е исполнета со 520.000 литри изворска вода, а ноќе сјае во бои на виножитото. Другите фонтани следователно се ставаат во функција, а на почетокот на април ќе се отворат и фонтаните во парковите и на детските игралишта. Подвижните фонтани, наречени „Брунхилде“, се дел од иницијативата за разладување во градот. Градот Виена е целосно снабден со изворска вода од Алпите, која стигнува до градот преку подземни водоводни цевки. А пак, гравитационата енергија долж водоводните цевки се користи за производство на електрична енергија.  си/сд/

Остани поврзан