„Видеолотарија Касинос Австрија“ потпиша нов договор за партнерство со Кошаркарската федерација
- Компанијата „Видеолотарија Касинос Австрија“ и Кошаркарската федерација на Северна Македонија денес потпишаа нов договор и ја продолжија досегашната успешна соработка.
Скопје, 22 март 2023 (МИА) – Компанијата „Видеолотарија Касинос Австрија“ и Кошаркарската федерација на Северна Македонија денес потпишаа нов договор и ја продолжија досегашната успешна соработка.
- Под мотото „Играј со најдобрите“ продолжуваме да ги негуваме нашите заложби за поддршка на македонскиот спорт и македонските спортисти. Затоа уште еднаш застануваме зад Кошаркарската федерација. Нам ни претставува големо задоволство што можеме да ги помогнеме и бодриме нашите кошаркари и да инспирираме многу млади луѓе да бидат идни кошаркари како и да не радуваат сите, изјави Вики Чадиковска од Видеолотарија
На прес-конференцијата беа присутни и генералниот секретар на КФСМ Владимир Георгиевски и претседателот Перо Антиќ.
- Се остваруваат нашите надежи за долгорочна соработка со Видеолотарија. Ние како раководство на КФСМ сме задоволни од тоа што оваа компанија ги препозна нашите амбиции, проекти, активности и во нас виде вистински партнер. Во периодот којшто следува ни претстојат многу активности, а врвот ќе биде на лето кога треба да организираме две младински Европски првенства кои ги добивме од ФИБА, како и претквалификациски циклус за Олимписките игри и сениорски квалификации. За сите овие настани потребна е финансиска поддршка и затоа сме денес тука да ја продолжиме соработката со Видеолотарија, изјави Георгиевски.
За Антиќ новиот договор значи можност за унапредување на условите за македонските кошаркари.
- Јас како претседател на федерацијата заедно со мојот тим сме сервис за нашите кошаркари, репрезентативците, за целата кошарка. Среќен сум дека партнерството со Видеолотарија продолжува. Во иднина заедно да создадеме уште подобри услови за нашите кошаркари.
Од Видеолотарија Касинос Австрија најавија интересни проекти во летниот период со цел привлекување што поголем број млади да се занимаваат со кошарка и спорт воопшто. зс/