• понеделник, 08 јули 2024

Вечерна богослужба и литија во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје

Вечерна богослужба и литија во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, денеска со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје. Вечерната молитва ќе биде проследена со литија околу централното градско подрачје. Македонската православна црква - Охридска Архиепископија ги поканува сите верници и граѓани да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата. Утре (21 септември) православните верници го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица. ев/лв/

Остани поврзан