• вторник, 24 декември 2024

Вечер на староградска музика во Делчево

Вечер на староградска музика во Делчево
Делчево, 7 септември 2022 (МИА) - Во Делчево се одржа Вечер на староградска музика посветена на истакнати дејци од областа на музичката култура. На настанот кој го организираше Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров" учествуваа Староградскиот оркестар од Берово, Оркестар Табиет од Свети Николе, Група Ѓурѓа и солистот Кире Цоневски - Мароко од Делчево.
-Настанот имаше за цел да им оддадеме почит на Слободан Илиоски - Цобе, Слободан Момчилов - Каторе, Љупчо Ангеловски - Линцур и Демирали Мемедов - Демко. Со оваа Вечер на староградска музика изразивме почит за нивниот придонес во областа на музиката, како и до нивните семејства кои присуствуваа на концертот, рече Методи Толевски, директор на НУЦК ,,Никола Ј.Вапцаров",
Музичарот Слободан Димитровски кој долги години работеше со истакнатите музичари додаде дека секогаш со носталгија ќе се сеќава на сораборката и дружбата и на многубројните настапи кои ги реализирал заедно со неговите колеги.
Во чест на четворицата истакнати дејци пред година и пол беше промовирана песната „Големите музичари".
Настанот се одржа во рамки на одбележувањето на 7 Септември - Денот на ослободување на Делчево. вс/хс/

Остани поврзан