• среда, 02 октомври 2024

Вечерва голем шумски пожар кај селото Врбен, гори гори смрека, сува трева и јела

Вечерва голем шумски пожар кај селото Врбен, гори гори смрека, сува трева и јела

Скопје, 13 август 2024 (МИА) – Во текот на денешниот ден на територијата на државата до сега имаше 32 пожари на отворено и шумски пожари. Од нив 15 целосно се изгаснати, шест се ставени под контрола, а 11 се активни во овој момент, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Пожарот што ја одбележа вечерта е кај селото Врбен во Општина Маврово и Ростуше, за кој Ангелов изјави дека се работи за голем шумски пожар во кој гори смрека, сува трева и јела.

- Се развива висока температура, и во овој момент линијата на огнот е околу 500 метри над првите куќи од селото Врбен. Помеѓу пожарот и селото има асфалтиран пат, верувам дека вработените во НП Маврово со поддршка на локалното население, на асфалтираниот пат ќе успеат да го сопрат овој тежок шумски пожар, рече тој.

Ангелов информираше дека врз овој пожар во текот на денот дејствувале со пет ер трактори со кои што успеале да го изгасннат едниот крак, а воедно, како што рече, дејствувал и еден голем полициски хеликоптер МИ 171, со големо ведро од два и пол тони, кој што, исто така, значително ја намали линијата на пожарот.

Најави дека во текот на ноќта дежурни ќе останат екипа на НП Маврово, заедно со локално население кои ќе внимаваат доколку огонот се приближи до селото, истиот да го стопираат.

Покрај овој пожар, на територијата на државата, како што информираше директорот на ЦУК, во моментов има и други тешки пожари, како што е пожарот на територијата на Општина Македонски Брод, кој гори кај селото Белица каде што гори борова шума, а пожарот беснее веќе повеќе од 20 дена.

Дополни дека има пожар на територијата на Општина Пехчево, пожарот кој што е активен веќе четврти ден кај селото Негрево, каде што гори мешана шума, и борова шума, за кој Ангелов рече дека е под делумна контрола.

- Пожар има и на територијата а Општина Новаци, кај селата Полог, Татевци, Гнилеж и Паралово, гори ниска вегетација и трева но зафаќа голема површина, појасни Ангелов.

Во врска со пожарот на планината Галичица, каде што гори од двете страни, и од охридската, и од ресенската страна, Ангелов рече дека се обидуваат да го изгасат од земја.

- Овде се обидуваме да го изгаснеме од земја. Притоа тим алпинисти, односно доброволци од планинската спасителна служба од Охрид, заедно со вработени во НП Галичица, со хеликоптер ги исфрламе на врвот на планината, и тие од таму се спуштат кон огнените јазици и се обидуваат истите да ги изгаснат. Иако од охридска страна веќе се развија два крака од кои што еден оди кон една планинарска куќа, рече тој.

Дополни дека има пожари и на територијата на Општина Кичево, кај селото Патеец, каде што попладнево за малку селото ќе било зафатено од пламените јазици. 

- Една куќа беше благо опожарена, но не претрпи поголема штета, рече Ангелов, дополнувајќи дека благодарение на храбрите кичевски пожарникари и локалното население, пожарот бил сопрен буквално пред самото село.

Ангелов рече дека се направени соодветни противпожарни пресеки онаму каде што може и сподели дека верува дека огнот што продолжува со силно горење нема да го загрози селото Петеец, но дополни дека овој пожар се движи во насока на селото Козачино каде што гори борова и букова шума.

- Наредниот пожар е пожар исто така на територијата на Општина Кичево, кај село Зајас, во село горно Строгомиште каде што гори мешана шума. Исто така тежок шумски пожар. Пожар имаме на територијата на Општина Пласница и кај селото Пласница и село Латово во насока на Македонски Брод, гори ниско стебелеста вегетација, дополни тој.

Во врска со пожарот на територија на на Општина Кочани, Македонска каменица, информираше дека гори некаде во атарот на селото Пресека кон село Цера.

За него рече дека е исто така многу тежок шумски пожар кој што ќе создаде сериозни проблеми, бидејќи гори борова шум и папрат, затоа што се работи на повисока надморска височина, која што, според него е тешка за совладување.

-Пожар имаме и на територијата на Општина Долнени и тоа кај селото Костинци, село Долгаец, каде што исто така гори шума и сува трева. Трет пожар на територијата на Општина Кичево е наспроти ранчот каде што гореше стрмниште и ливада, каде што верувам е изгаснат или набргу ќе биде изгаснат, рече Ангелов. ар/ев/

Фото: ЦУК

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан