Вестбрук: Ленард е најдобриот кошаркар на светот
- Плејмејкерот на Лос Анџелес клиперс, Расел Вестбрук, смета дека Каваи Ленард е најдобриот кошаркар на светот.
![Вестбрук: Ленард е најдобриот кошаркар на светот](https://new.mia.mk/images/20230422124929_big_730x400_98.webp )
Лос Анџелес, 22 април 2023 (МИА) – Плејмејкерот на Лос Анџелес клиперс, Расел Вестбрук, смета дека Каваи Ленард е најдобриот кошаркар на светот.
Каваи го пропушти мечот број 3 од серијата од првото коло во НБА плејофот против Феникс (1:2).
-Жал и е за него. Во последно време игра неверојатна кошарка. Тој е најдобриот играч на планетата, да бидам искрен. Ментално, тешко му е да пропушти толку важни средби. Мило ми е што се обидува да ни даде поддршка и од клупата, изјави Вестбрук за „ESPN“.
Четвртиот натпревар од серијата ЛА клиперс - Феникс ќе се игра вечер од 21:30 часот. зс/
Фото: ЕПА