• понеделник, 23 декември 2024

Верстапен: Се надевам дека на секоја трка ќе се бориме за најмалку трето место

Верстапен: Се надевам дека на секоја трка ќе се бориме за најмалку трето место
Лондон, 9 февруари 2020 (МИА) - Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен очекува екипата да се бори за подиум на секое Гран-при од новата сезона во Формула 1 шампионатот. - Ќе се обидеме да бидеме подобри оваа година. Сакаме да бидеме претенденти за титулата. Минатата сезона на некои трки не можевме да наметнеме борба - во овој случај се обидовме да освоиме бодови. Се надевам дека од оваа година секогаш ќе се бориме барем за подиумот. Да речеме дека најлошото сценарио е борбата за третото место, изјави Верстапен. Треба да се осигураме дека работевме напорно во текот на зимата и направивме најголем напредок. Веќе на предсезонските тестови ќе видиме што се случило. Сè уште е тешко да се предвиди нешто, но правиме сè што е во наша моќ. Од моја страна, треба да бидам подготвен да дадам резултат. Мислам дека сè оди добро. Невозможно е да се постигне идеалот и да се помине сезоната без грешки, но треба да се обидеме да се приближиме што е можно поблизу до ова, вели холандскиот возач. Во 2019 година, Верстапен го постигна најдобриот резултат во својата кариера и го зазема третото место во првенството. Тој минатата сезона девет пати се најде на подиумот, од кои три пати на првото место. зс/

Остани поврзан