• среда, 17 јули 2024

Верона ја победи Специја и го задржа местото во Серија А

Верона ја победи Специја и го задржа местото во Серија А

Реџо Емилија, 12 јуни 2023 (МИА) – Верона синоќа ја совлада Специја со 3:1 во мечот за опстанок во Серија А следната сезона.

 

Головите за Верона ги постигнаа Марко Фараони и Сирил Нгонге (два). За Специја погоди Итан Ампаду, а М'Бала Нзола промаши пенал.

 

Верона од 68 минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Фараони.

 

Покрај Верона, место во Серија А изборија и Фросиноне, Џенова и Каљари.

 

Специја ќе ја напушти првата дивизија, заедно со Сампдорија и Кремонезе. зс/

 

Фото: Фејсбук Верона

Остани поврзан