• недела, 13 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Верижен судир во САД поради истурени домати

Верижен судир во САД поради истурени домати

Лос Анџелес, 31 август 2022 (МИА) - Најмалку три лица се повредени, од кои едно потешко, кога неколку возила се излизгале на автопат во американската сојузна држава Калифорнија, откако камион удрил во заштитната ограда и од него се истуриле домати на асфалтот.

Камионот прво удрил во друго возило, па во оградата, при што поголемо количество домати се расфрлале на автопатот. На тој хаос налетале уште четири автомобили, па и тие се излизгале и судриле. Полицијата соошти дека доматите во комбинација со масло за автомобили и нечистотијата на патот, очекувано, создале опасни услови за движење. Според познавачи, лушпите од доматите на асфалтот делуваат слично како мразот.  си/sd/

Остани поврзан