• среда, 27 ноември 2024

Вереникот на Бритни Спирс ќе глуми во филм со Мел Гибсон

Вереникот на Бритни Спирс ќе глуми во филм со Мел Гибсон
Лос Анџелес, 27 октомври 2021 (МИА) - Вереникот на Бритни Спирс, Сем Асгари доби улога во акционен филм со Мел Гибсон во главната улога. Новопечениот глумец, инаку личен тренер, и досега имаше неколку мали улоги, како онаа во серијата „Црниот понеделник“ (Black monday). Асгари (27) ќе треба да глуми наредник на тим воени специјалци, во претстојниот трилер-акција на Рандал Емет наречен „Hot Seat“ (Жешко столче), што ќе се снима во Лос Анџелес. Информацијата ја потврди и гласноговорникот на Асгари, Брендон Коен, а самиот Асгари минатиот месец навести дека ќе биде вклучен во продукцијата на филмот. Имено, тој на својот интернет-простор сподели видео од себеси како тренира со натпис: „Се подготвувам за акција“. Филмот ја следи приказната за поранешен хакер (Гибсон) кој се обидува да ограби банка откако неговиот живот е загрозен.  си/сд/

Остани поврзан