• петок, 05 декември 2025

Венус Вилијамс со 45 години ќе настапи на УС Опен

Венус Вилијамс со 45 години ќе настапи на УС Опен

Њујорк, 13.август 2025 (МИА) - Седумкратната победничка на Грен слем турнири Американката Венус Вилијамс со 45 години ќе настапи на УС Опен. Таа доби специјална покана од организаторот и ќе биде највозрасната тенисерка по 1981 година, кога Рене Ричардс настапи со 47.години. 

Венус Вилијамс од седумте Грен слем титули, две има освоено на терените на Флешинг Медоу во Њујорк во 2000 и 2001 година. Таа има и 14 Грен слем титули во двојки со нејзината сестра Серена, а две титули има и во мешани двојки. 

Мечевите на УС Опен ќе почнат на 24.август, а како најава на турнирот е натпреварувањето во мешани двојки во новиот формат кое ќе се одржи на 19 и 20.август.    мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан