• петок, 22 ноември 2024

Венецуелските вооружени сили лојални на Мадуро, нагласи министерот за одбрана

Венецуелските вооружени сили лојални на Мадуро, нагласи министерот за одбрана

Каракас, 30 јули 2024 (МИА) - Венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино денеска изјави дека претседателот Николас Мадуро има „апсолутна лојалност и безусловна поддршка“ од вооружените сили. Ијзавата е дадена во период на големи протести по неговиот реизбор викендов.

-Мадуро е наш врховен командант, кој е легитимно реизбран, рече министерот во телевизиска порака.

Венецуелската опозициска партија Волја на народот, пак, денеска ја обвини владата на претседателот Николас Мадуро дека го киднапирала нејзиниот заменик Фреди Суперлан и предупреди на „ескалација на диктатурата“.

Суперлан беше приведен денеска во Каракас, а на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како заменикот е насилно уфрлен во возило.

Четири лица загинаа за време на протестите во Венецуела предизвикани од спорната изборна победа на Николас Мадуро.

Безбедносните сили употребија солзавец и гумени куршуми кон демонстрантите кои ја оспоруваа победата. мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан