• сабота, 21 декември 2024

Венбин: Не е фер уривањето на ТикТок со повикување на државната безбедност

Венбин: Не е фер уривањето на ТикТок со повикување на државната безбедност

Пекинг, 14 март 2024 (МИА) - Не е фер да се уништат конкурентските предности на другите земји повикувајќи се на националната безбедност, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, во врска со нацрт-законот усвоен во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, кој би можел да доведе до забрана на ТикТок.

„Како САД го третираат ТикТок овозможува да се види дали нивниот таканаречен поредок заснован на правила му служи на светот или на Америка“, додаде Венбин.

Претставничкиот дом на САД во средата го изгласа предлог-законот што може целосно да го забрани ТикТок во САД, иако сопственикот на платформата за социјалните медиуми, компанијата Бајт Денс, доби опција да го продаде. Американскиот Сенат сè уште треба да го даде своето мислење за овој предлог-закон. Нацрт-законот му дава на кинескиот Бајт Денс вкупно 165 дена да излезе од сопственоста на платформата, инаку на продавниците за апликации, вклучувајќи ги Еп Стор на Ејпл и Гугл Плеј, ќе им биде законски забрането да го хостираат ТикТок или да обезбедуваат услуги за веб-хостинг на апликации контролирани од Бајт Денс. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан