• понеделник, 23 декември 2024

Велосипедско-планинарска тура до врвот Бејаз Тепе

Велосипедско-планинарска тура до врвот Бејаз Тепе
Делчево, 2 август 2020 (МИА) - Во Делчево е реализирана комбинирана велосипедско-планинарска тура до врвот Бејаз Тепе. Активноста ја реализираше Планинарскиот спортски клуб „Голак" од Делчево, чиј гостин и овој викенд повторно беше словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш. -Комбинираната велосипедско-планинарска тура ја изведовме на планината Средна, каде комбиниравме планински велосипедизам и планинарење. Извозивме 50 километри по земјен, асфалтен и шумски пат со почетна точка од градот Делчево, рече Чучуковски. Патеката, како што посочи, поминувала низ селата Истевник и Разловци. -Попатно поминавме и видовме повеќе интересни места меѓу кои локалитетот Истевнички Кулуље. Иако времето беше доста топло, сепак не не спречи да ја реализираме турата, додаде Чучуковски. Патеката била со висинска разлика од 720 метри, при што највисоката точка бил врвот Бејаз Тепе на 1.320 метри надморска височина. вс/рп/

Остани поврзан