• петок, 22 ноември 2024

Велковски: Ќе воспоставиме партнерски дијалог помеѓу МТСП и синдикатите и системско решавање на состојбите

Велковски: Ќе воспоставиме партнерски дијалог помеѓу МТСП и синдикатите и системско решавање на состојбите

Скопје, 18 април 2024 (МИА) - Проблемите со кои се соочуваат синдикатите и вработените во областа на здравството, одбраната, полицијата, Македонски железници и рударството беа тема на разговор на денешната  работна средба на техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски со претставници на повеќе грански синдикати, членови на Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ).

-Работничките права не се почитуваат, платите особено во здравството не се системски уредени, а големи се и проблеми поврзани со функционирањето на синдикатите во последните неколку години. Ова се клучните работи кои беа истакнати од страна на претставниците на синдикатите, изјави Велковски по средбата, пренесува МТСП.

Најави дека Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ќе преземе активности во насока на системско решавање на настанатите состојби и воспоставување на вистински партнерски дијалог помеѓу МТСП и синдикатите, нешто за, како што вели се заложува и тој.вј/лв/

Фото: МТСП

 

Остани поврзан