• вторник, 12 ноември 2024

Велика Британија: За четири години пријавени над 1.600 случаи на сексуална злоупотреба во детска болница

Велика Британија: За четири години пријавени над 1.600 случаи на сексуална злоупотреба во детска болница

Лондон, 11 април 2023 (МИА) – Британската приватна детска болница за ментално здравје Хантеркомб во Мејденхед, која има само 59 кревети, во изминатите четири години пријави над 1.600 случаи на сексуална злоупотреба. Тоа е повеќе од половина сексуални истраги пријавени во 209 одделенија за ментално здравје на децата ширум Велика Британија.

Од 2019 година британската Национална здравствена служба (НХС) испраќала повеќе од едно предупредување дневно, не е преземено ништо да се спречи ранливите пациенти да се испраќаат во одделението кое има 1.643 пријави за сексуални инциденти. Пријавените инциденти се од сексуално непримерно обраќање до сериозни сексуални напади и силувања.

Откако Индипендент минатата година објави за вербално и физичко малтретирање во приватната здравствена институција, пациентите беа прераспределени во други клиники. Но, групацијата Хантеркомб најави дека планира повторно да отвори како одделение за возрасни.

Минатиот месец беше пријавен сексуален напад во одделението во Стафорд на групацијата Хантеркомб. Веста уследи откако беше затворено одделението во Девон, каде медицинска сестра е осудена за сексуална злоупотреба на двајца пациенти. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан