• петок, 22 ноември 2024

Велика Британија ги санкционира судиите, исражителите и агентите на ФСБ вклуечени во прогонот на Владимир Кара-Мурза

Велика Британија ги санкционира судиите, исражителите и агентите на ФСБ вклуечени во прогонот на Владимир Кара-Мурза

Вашингтон, 21 април 2023 (МИА) - Британскиот Форин офис вовeде санкции против двајца вработени во руската Федерална служба за безбедност и уште тројца истражители и судии околу делото на рускиот опозиционер, историчар и новинар, Владимир Кара-Мурза

Како што се вели во денешното соопштение од секретарот за надворешни работи, Џејмс Клеверли, двајцата од ФСБ, Константин Кудрјавцев и Александр Самофал, биле членови на оперативна група која го следела Владимир Кара-Мурза пред неговото труење во 2015 година. Кудрјавцев е познат и како наводниот трујач на Алексеј Навални. 

Истражителот Денис Колесников, генерал леитенант на Истражниот комитет, го подготвил налогот за апсење на Кара-Мурза, мајорот Андреј Задачин го водел кривичното дело, а судиката Елена Ленскаја го утврдила неговото задржување и го испратила во затвор.. 

Притоа, изрекувањето на казната за Кара-Мурза е од друг судија, Сергеј Подопригорив, вклучен во „списокот Магнитски“, во американскиот Конгрес промовиран од Кара-Мурза, кој поседува и британско државјаниство. Подопригоров е веќе на списокот американски и британски сакнции. кб/вг/

Остани поврзан