• петок, 05 декември 2025

Вежба на НАТО во Северна Шведска: Германија тестира напади во длабочина

Вежба на НАТО во Северна Шведска: Германија тестира напади во длабочина

Брисел, 4 јуни 2025 (МИА) - Четири германски авиони-ловци „Eurofighter“ учествуваа во НАТО-обука во Северна Шведска, кои полетаа од германска база за да фрлат прецизно наведувани бомби врз воен објект, јави ДПА.

Според германските воздухопловни сили, леталата полетале од базата Норвених во Западна Германија кон Шведска, каде што фрлиле бомби GBU-48 врз цел во близина на селото Видсел.

„Станува збор за таканаречен ‘удар во длабочина’, мисија во која се погодува оддалечена цел со голема прецизност и се враќа во базата истиот ден“, објаснија од германското воздухопловство.

Летот опфатил неколку илјади километри, а биле планирани четири дополнителни полнења со гориво во воздух.

„Овие способности се клучни за изведување на мисии на големи растојанија во случај на напад врз територија на НАТО“, нагласуваат од воените сили.

Шведска, која минатата година се приклучи на НАТО, е најновиот член на западната одбранбена алијанса. Германија е членка од 1955 година.

Германските „јурофајтери“ се дел од 31-то крило на тактичките воздухопловни сили „Бјолке“, чија мисија е да обезбедуваат воздушна поддршка за копнените сили. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан