Вајналдум следните три години ќе игра за Барселона
- Фудбалерот за врска на Ливерпул, Џорџињо Вајналдум, ќе се пресели во Барселона.
Барселона, 25 мај 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Ливерпул, Џорџињо Вајналдум, ќе се пресели во Барселона.
Според новинарот на „Скај Спорт Италија“, Матео Морето, неговиот трансфер го одобрија и главниот тренер на каталонскиот клуб, Роналд Куман и капитенот на тимот, Лионел Меси.
Вајналдум ќе потпише тригодишен договор. Неговиот договор со Ливерпул истекува ова лето. Неговиот агент, Хамфри Нијман и правниот советник Јан Кабалт беа во канцеларијата на Барселона на „Камп Ноу“. Тие разговараа за деталите за договорот со каталонскиот клуб.
Фудбалерот на „Камп ноу“ оди како слободен играч. зс/