• петок, 22 ноември 2024

Вајлдер: Не би можел да се борам во ММА, ќе убијам некого!

Вајлдер: Не би можел да се борам во ММА, ќе убијам некого!
Лас Вегас, 18 јануари 2020 (МИА) - Светскиот шампион во тешка категорија во серијата ВБЦ, Дионтеј Вајлдер откри зошто не размислувал да направи свое деби во ММА. Американецот нема намера да ја промени својата улога, бидејќи е убеден дека како борец ММА би убил некој од неговите ривали со ударите. - Порано зборував за префрлување во ММА и подготвен сум да се борам со кој било во спортот, но знаете, сето ова е во доменот на фантастиката. Во овој спорт, можете да докрајчите борец кој е легнат на подот, да го удрите во главата со нараквици од 4 унци. Јас сум премногу опасен за кој било вид мешани боречки вештини. Дефинитивно би одзел нечиј живот, бидејќи моите вештини и сила се на неверојатно ниво. Тоа е вистината, изјави „бронзениот бомбардер“ за „Боксинг Војс“. Американецот треба да се бори против Тајсон Фјури на 22 февруари во реванш-дуел за титулата во ВБЦ.

Остани поврзан