• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вашингтон потврди американско-руски разговори во Истанбул на 10 април

Вашингтон потврди американско-руски разговори во Истанбул на 10 април

Вашингтон, 8 април 2025 (МИА) - Претставници на САД и Русија ќе одржат средба на 10 април во Истанбул со цел да разговараат за обновување на одредени активности на своите дипломатски мисии, кои беа значително намалени по руската инвазија врз Украина, соопшти вечерва Стејт департментот.

- На дневниот ред нема политички прашања, ниту прашања поврзани со безбедноста. Украина апсолутно не е тема на разговорите. Овие разговори се исклучиво за функционирањето на нашите амбасади, изјави денеска портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус.

Претходно денеска и руската новинска агенција ТАСС информираше за претстојната средба, повикувајќи се на соопштение од руското Министерство за надворешни работи. ссм/

фото: архива

Остани поврзан