• понеделник, 23 декември 2024

Вашингтон пост: Топ хакери на ЦИА развивале хакерски алатки но ја запоставиле безбедноста на своите системи

Вашингтон пост: Топ хакери на ЦИА развивале хакерски алатки но ја запоставиле безбедноста на своите системи
Вашингтон 16 јуни 2020 (МИА) - Поради култура на „прилично олабавени“ безбедносни мерки во единицата за топ хакирање на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), во 2016 година се случи протекување на информации, по што светот дозна дека агенцијата навлегла во темната зона со користење хакерски алатки за шпионирање на луѓето.  Топ хакерите на агенцијата биле повеќе заинтересирани да најдат начин да ги хакираат секојдневните уреди за комуникација, отколку тие самите да се заштитат од  хакирање, се дознава од извештај на внатрешна ревизија на ЦИА до кој дојде весникот Вашингтон пост. Извештајот е објавен во 2017 година за брифирање на тогашниот директор на ЦИА, Мајк Помпео, сегашен државен секретар, една година по објавувањето на протечените информации од страна на Викиликс. Како што се дознава објавата на Викиликс, именувана како „Сеф 7“, ЦИА развивала алатки за следење помош на хакирање на секојдневни уреди како мобилни телефни, телевизори или автомобили, но и рутери или персонални компјутери. По протекувањето на информациите, официјално лице тогаш истакна дека тоа било едно од најголемите неавторизирани пробиви на строго доверлива инфомација во историјата на ЦИА. Поради тоа агенцијата запрела неколку разузнавачки операции бидејќи непријателските разузнавачки служби дознале за техниките на американската шпионска служба. Без објавата на Викиликс, во ЦИА никогаш не би дознале дека развиенити хакерски алатки се украдени. - Ако податoците биле украдени од непријателска држава и не биле објавени, ние се уште не би биле свесни за загубата, се вели во извештајот. Вашингтон пост го доби извештајот од кабинетот на демократскиот сенатор Рон Вајден, член на Комисијата за разузнавање, кој застапува посилни служби за кибер безбедност и разузнавање. кб/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан