• четврток, 21 ноември 2024

Вашингтон пост започна 24 часовен предупредувачки штрајк по гласини за можни отпуштања

Вашингтон пост започна 24 часовен предупредувачки штрајк по гласини за можни отпуштања

Вашингтон, 8 декември 2023 (МИА)  Повеќе од 700 вработени во весникот Вашингтон пост излегоа денеска на 24 часовен предупредувачки штрајк откако преговорите со менаџментот на изданието останаа заглавени веќе 18 месеци. 

Штрајкот се одвива пред влезот на познатата зграда каде е седиштето на изданието и е прва ваква протестна акција од средината на 1970-те. 

Штрајкуваат репортери, продуценти, уредници и вработени од администрација, сите членови на Гилдата на Вашингтон пост. Член на поширока синдикална оргaнизација – Новинска гилда на Вашингтон и Балтимор, гилдата го обвини менаџментот за „несовесни“ преговори во кои тие бараат договори што ќе одговорат на големите разлики во платите, зголемување на платите и гарантирана работа во време кога сѐ погласно се навестуваат отпуштања од весникот.  

-Фали договор што е во чекор со огромната инфлација и што на работниците гарантира плата за нормален живот, соопшти синдикатот во изјава. 

Портпарол на весникот изјави дека „го почитуваме правото на нашите колеги од гилдата да одат на планираниот еднодневен штрајк.. ќе се осигураме ова да не влијае врз нашите читатели и муштерии“. 

-Целите се исти како и на почетокот на преговорите да се постигне договор со гилдата што ги исполнува потребите на нашите вработени и потребите на нашиот бизнис, укажаа од весникот. 

Штрајкувачите од Пост повикаа јавноста да не се меша во уличниот штрајк и ги повика читателите да не се ангажираат во содржините на весникот, додека фриленсерите да ги игнорираат понудита за работа од весникот.

Изданието е во сопственост на технолошкиот гигант Амазон. кб/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан