Вашингтон Пост: Доверливите американски податоци ги објавило младо момче кое работело во воена база
- Според извештајот на американскиот весник, лицето споделило доверливи информации на платформата за пораки во група со дваесетина мажи кои делат „заедничка љубов кон оружјето, воената опрема и Бог“, пренесуваат британските медиуми.
Вашингтон, 13 април 2023 (МИА) – Дваесетгодишно момче, кое работело во воена база, а било голем љубител на оружје, е лицето кое е одговорно за објавување на доверливите американски документи, што поттикна истрага за националната безбедност на САД, јави Вашингтон пост, повикувајќи се на членови на социјалната мрежа Дискорд.
Според извештајот на американскиот весник, лицето споделило доверливи информации на платформата за пораки во група со дваесетина мажи кои делат „заедничка љубов кон оружјето, воената опрема и Бог“, пренесуваат британските медиуми.
„Вашингтон пост“ својот извештај, во кој не го именува лицето, го засновал на разговор со двајца членови на групата на Дискорд, а британски Ројтерс наведува дека засега не може да добие независна потврда на ваквите наводи.
Лицето, според сведоштвата, себе си на Интернет се опишувало како „припадник на старата школа“, додека еден извор на „Вашингтон пост“ го опишува како некој во раните до средината на 20-тите години, кој бил пример за другите членови на групата.
„Тој е во форма. Тој е силен. Тој е вооружен. Трениран. Тој е речиси сè што би очекувале од луд филм, изјави еден од членовите на групата, кој имал помалку од 18 години и зборувал под услов да остане анонимен, откако претходно боила обезбедена дозвола на неговата мајка, јави Вашингтон пост.
Дискорд во вчерашното соопштение рече дека соработува со американските власти, откако Министерството за правда на САД минатата недела и официјално отвори кривична истрага.
Пентагон, кој го покрена случајот, во моментов ја проценува штетата предизвикана од она што може да биде најштетното објавување на доверливи американски информации во последниве години, наведуваат британските меидуми. сд/