• понеделник, 23 декември 2024

Вашингтон и северна Вирџинија започнаа со првата фаза од отварањето на бизнисите

Вашингтон и северна Вирџинија започнаа со првата фаза од отварањето на бизнисите
  Вашингтон, 29 мај 2020 (МИА) - Северниот дел на Вирџинија и престолнината Вашингтон денеска започнаа со првата фаза од отварањето на бизнисите. Економските активности и првата фаза преостанатиот дел на Комонвелтот ги започнаа пред две недели, но неколку окрузи во северниот дел, како и округот Колумбија, го продолжија карантинот поради зголемен број на нови случаи на Ковид-19. Воспоставени се протоколи за продавниците за широка потрошувачка и рестораните, првите можат да примаат клиенти до 50 отсто од својот капацитет на посетители, вторите можат да служат храна и пијалоци само во надворешните делови, со 50 проценти од својот капацитет. Берберниците и фризерските салони може да работат со закажување и да услужуваат по ред само еден клиент во работната просторија. Фитнес центрите можат да работат само во надворешни делови, ако ги имаат, додека кампинзите примаат посетители на краток престој. Верските објекти можат да примаат верници до 50 проценти од својот капацитет. Во сите затворени простории обврзно е носење маски. Властите повикуваат народот да држи физичка дистанца од шест стапки (1.8 метри). Северниот дел на Вирџинија е богат со многу приватни винарии и пиварници, па луѓето овде со ентузијазам го очекуваа викендот кога нивните омилени места за забава, конечно ќе започнат со работа. Во меѓувреме, локалните власти на округот Лоудун повикаа на второ бесплатно „драјв-тру“ (со автомобил) масовно тестирање од коронавирус, планирано да се оддржи во понеделник со. Пред да дојдат, сите заинтересирани треба да се пријават онлајн. Во Вирџинија моментално се регистрирани над 42 илјади случаи на коронавирус, со 1,385 починати досега. САД се најзагрозена земја од пандемијата, со над 1.7 милиони заразени и над 100 илјади починати. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан