• петок, 22 ноември 2024

Вархеји го честиташе формирањето на новата Влада на Србија

Вархеји го честиташе формирањето на новата Влада на Србија
Брисел, 28 октомври 2020 (МИА) – Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, вечерва го честиташе формирањето на новата Влада на Србија и ја поздрави силната посветеност на српската Влада за забрзување и спроведување на реформите во земјата. - Честитки! Очекувам соработка со премиерката на Србија, Владата и Парламентот за спроведување на реформите на ЕУ и имплементација на Економскиот инвестициски план за Западен Балкан за доброто на сите, напиша Вархеји на Твитер. јт/

Остани поврзан