• петок, 22 ноември 2024

Вархеји сака договор во јуни, Петков со три барања кон Скопје

Вархеји сака договор во јуни, Петков со три барања кон Скопје
Софија, 9 јуни 2022 (МИА) - Сакам да појаснам дека Бугарија има три јасни барања  по прашањето на Pепублика Cеверна Mакедонија. Почитување на рамковната позиција што ја усвои бугарскиот Парламент, вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија за да се заштитат нивните права, и трето, да се спроведе Договорот за добрососедство, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. - Едноставно и јасно. Тоа беа нашите разговори со еврокомесарот, и претходно и сега, за што му благодарам, рече Петков. Тој ги негира обвинувањата дека неговата влада води две надворешни политики. - Тврдењата дека Бугарија има две надворешни политики се невистинити. Кога некој прави еднострани лажни вести или се обидува да жнее политички дивиденди на оваа тема, нека застане со човекот што му го кажал тоа, како што стојам сега со Вархеји и нека каже што точно мислел. И порано и сега тоа се трите услови на Бугарија за РСМ, рече Петков. Вархеји, пак, оцени дека се уште нема решение за спорот и оти тоа е многу фрустрирачко за ЕУ, бидејќи не може да продолжи пристапниот процес. - Сè уште ја чекам поддршката од Бугарија и на тоа работиме со сите овие разговори што ги водев овде во Софија, а редовно и во Скопје, конечно да се разјасни и зајакне европската перспектива за Република Северна Македонија. Би сакале да видиме договорот да биде постигнат во јуни, затоа утрово се среќавам со премиерот и со министерот за надворешни работи, а ќе се сретнам и со претседателот, додаде Вархеји. са/ац/

Остани поврзан