• петок, 22 ноември 2024

Вардар 1961 го одбрани трофејот македонскиот ракометен Куп

Вардар 1961 го одбрани трофејот македонскиот ракометен Куп

Охрид, 13 мај 2023 (МИА) – Трофејот во македонскиот ракометен куп остана во сопственост на Вардар 1961, откако „црвено – црните“  во драматична завршница го совладаа вечерва во финалето во Охрид големиот ривал Еурофарм Пелистер со 26-25. 

Со триумфот Вардар дојде до својата 16. куп титула во клупската историја и му се реваншираше на Еурофарм Пелистер за минатонеделниот гостински пораз во рамки на Суперлигата со кој најверојатно му ја предаде шампионската титула на тимот од Битола.

Финалниот натпревар во полната сала „Билјанини извори“ почна во целосна на доминација на ракометарите Вардар 1961, кои беа во континуирано водство во првиот дел и на полувреме заминаа со предност од 16-12. 

Финалето навести неизвесен финиш кога Еурофарм Пелистер ја намали негативата на 22-23 во 54 минута и го имаше последниот напад за израмнување, но Вардар 1961 одолеа и трета сезона во серија триумфираше во Купот. 

Претходно во финалето во женска конкуренција, ЖРК Куманово во неизвесен натпревар го совлада ЖРК Вардар со 32-31 и дојде до третата куп титула во својата историја. ег/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан