Ван Перси пред дебито како тренер во Лигата на шампионите: Многу е тешко да се постигне гол против Интер
- Новиот тренер на Феенорд, Робин ван Перси, зборуваше за медиумите пред елиминацискиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Интер. Холанѓанецот призна дека веќе ја почувствувал магијата на стадионот во Ротердам и со нетрпение го очекува дуелот со италијанскиот колос.

Ротердам, 4 март 2025 (МИА) - Новиот тренер на Феенорд, Робин ван Перси, зборуваше за медиумите пред елиминацискиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Интер. Холанѓанецот призна дека веќе ја почувствувал магијата на стадионот во Ротердам и со нетрпение го очекува дуелот со италијанскиот колос.
-Против Баерн на домашен терен ја видовме магијата на „Де Куип“. Разликата утре е што тоа ќе го доживеам од страна и навистина се радувам на тоа за прв пат во Лигата на шампионите како тренер. Моите играчи се во добра форма, тренираа добро и се позитивни за она што претстои, истакна Ван Перси.
Тој потоа зборуваше за разликата помеѓу тоа да се биде фудбалер и да се биде тренер на такво ниво.
-Ова е сосема поинаков свет. Како играчи, вие сте главно заинтересирани да бидете фит и да настапувате добро. Како тренер, треба заедно да управувате со сите овие процеси и за еден ден сте во многу различни светови. Многу сум задоволен од досегашната соработка со централата и ова е многу пријатна работна средина. Мислам дека ќе ја имаме топката малку повеќе во нозете, но тоа не мора да значи дека ќе создадеме повеќе шанси. Тоа е предизвикот. И важно е внимателно да се следат заканите на Интер бидејќи нивната сила е во преодните моменти да ги нападнат просторите зад нас. Имаат одлични играчи за тоа. Тие се силни и во офанзива и во дефанзива. Многу е тешко да се постигне гол против Интер, заклучи Ван Перси. дс
Фото: Принтскрин