• понеделник, 15 јули 2024

Ван Нистелрој меѓу кандидатите за тренер на Барнли

Ван Нистелрој меѓу кандидатите за тренер на Барнли


Лондон, 20 јуни 2024 (МИА) – Поранешниот холандски репрезентативец Руд Ван Нистелрој е меѓу кандидатите за нов тренер на Барнли, јави денеска Скај Спорт.
Англискиот клуб минатата сезона испадна од Премиер лигата, а Винсент Компани ја напушти клупата и го презеде Баерн Минхен.
Раководството на Барнли сега е во потрага по нов тренер кој ќе му помогне на тимот да се врати во елитата на англискиот фудбал.
Ван Нистелрој (47) го предводеше холандскиот гигант ПСВ Ајндховен во периодот 2022-2023 година, а го напушти клубот поради несогласување со клупското раководство.
Холанѓанецот во својата фудбалска кариера настапуваше за Ден Бош, Херенвен, ПСВ Ајндховен, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Малага и Хамбургер. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан