• петок, 22 ноември 2024

Ван Дaјк не спиел два дена по промашениот пенал во четвртфиналето на Светското првенство

Ван Дaјк не спиел два дена по промашениот пенал во четвртфиналето на Светското првенство

Амстердам, 27 декември 2022 (МИА) - Капитенот на фудбалската репрезентација на Холандија, Вирџил ван Дајк, призна дека многу страдал поради поразот од Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

- Не можев да спијам два дена по тој натпревар. Ова разочарување беше логично. Бевме толку блиску до успех и покрај тоа што примивме два гола. За жал, не реализирав толку важен пенал. Многу ме боли, имав многу тешки ноќи, изјави ван Дајк, за холандските медиуми.

Холанѓаните загубија од Аргентинците на пенали (2:2, 3:4).

Ударот на Ван Дајк го одбрани голманот Емилијано Мартинез, кој на крајот на Мундијалот беше прогласен за најдобар чувар на мрежата. зс/

Остани поврзан