• петок, 22 ноември 2024

Ванковска: Да не бидеме потстанари во сопствената татковина

Ванковска: Да не бидеме потстанари во сопствената татковина

10 април 2024 

-Да не бидеме потстанари во сопствената татковина. Да си ја вратиме Македонија. Со сите поделби што ни ги направија ние станавме потстанари во сопствената држава. Ние се бориме за себе, за Македонија, за Македонците. Ние веќе мораме на сите да им се извинуваме за тоа што сме Македонци, истакна Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица, на денешната средба со граѓаните во Долно Лисиче.

Ванковска на средбата ја промовираше и претседателската програма. И пред граѓаните на Лисиче ја истакна цврстата определба за раскинување на трите договори кои не и донесоа ништо добро на Македонија, како и за носење на нов Устав.

-Деновиве, додека одам на средби со граѓани низ многу места на Македонија, ја чувствувам топлината на луѓето. Чувствувам како сме секаде со радост прифатени. Веќе се насетува надоаѓањето на црвениот бран, како што младите луѓе од Левица го нарекуваат. И покрај сите саботажи што се прават, и покрај медиумската цензура на Левица мислам дека допира гласот до народот. Во претседателскава кампања јас сум гласот и на Левица.

Пред присутните се обрати и потпретседателот на Левица Реџеп Исмаил кој нагласи дека веќе се води претседателската кампања, а за скоро ќе почне и парламентарната кампања па заради тоа е потребна сплотеност за за да може „црвениот бран“ да победи во Македонија. 

-Да ги збиеме редовите и да делуваме. Затоа што карши нас е враг. Враг кој сака да нé уништи, да ни ја избрише меморијата, да нé направи некои други. Ние ако не сме свои на своето не можеме да изградиме ни држава онаква каква што сакаме. Не може некој од надвор да знае подобро од нас. Само ние знаеме каква Македонија ни треба и какви политичари сакаме, истакна Реџеп Исмаил.
Во Долно Лисиче денес беше отворена и нова канцеларија на Левица. На отварањето, модераторот на ЛО Аеродром и советник во Општина Аеродром, Дејан Ристовски истакна дека редовите на Левица од ден на ден стануват сé побројни па затоа е потребно отварање на нови канцеларии. Пред жителите на Лисиче зборуваше за проблемите што ги имаат со штетниот ДУП, кој градоначалникот Тимчо Муцунски сака да ги протне, а се погубни за Лисичани. Ги потсети дека само Левица е на нивна страна и жестоко се бори за нивните интереси.

Левица, Билјана Ванковска 

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан