• понеделник, 23 декември 2024

Вандализиран новиот парк во штипската населба Сењак

Вандализиран новиот парк во штипската населба Сењак
Штип, 3 август 2022 (МИА) - Паркот во штипската населба Сењак мета на вандали. Искршени чешми, клупи, детски реквизити затекнале вработените во ЈП „Исар“ во паркот, кој и официјално беше уреден пред неколку дена. Директорт на ЈП„ Исар“, Трајче Здравков на фесбук профилот информира дека веднаш порачале нови реквизити за замена, но порачува дека вандалите со ваквиот чин нанесуваат штета на буџетот. Најави дека случајот ќе биде пријавен во полиција. - Ние веќе порачавме нови елементи, да ги замениме истите, но тоа финансиски го исцрпува јавното претпријатие, вели Здравков. Тој апелира до граѓаните да бидат посовесни, бидејќи, како што вели, наместо да се создваат нови катчиња во Штип, парите ќе се трошат за промена на веќе направеното. Инаку, ова не е прв вандалски чин во Штип. Пред само еден месец оштетени беа јавните толети, кои се поставени на повеќе локации и бесплатно може да ги користат сите граѓани.вдј/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан