• четврток, 19 декември 2024

Валас: Велика Британија првпат испраќа хеликоптери во Украина

Валас: Велика Британија првпат испраќа хеликоптери во Украина

Осло, 23 ноември 2022 (МИА) - Велика Британија испраќа хеликоптери во Украина, изјави министерот за одбрана Бен Валас за првото летало со екипаж што Велика Британија ќе го испрати во Киев од почетокот на војната во февруари оваа година, објави денеска Би-Би-Си.

Три хеликоптери Си Кингс (Sea Kings) кои припаѓаа на британската армија се наменети за Украина, а првиот веќе пристигна, наведува Би-Би-Си.

Во текот на изминатите шест недели, украински пилоти беа обучени во Обединетото Кралство да управуваат со леталата кои се наменети за пребарување и спасување.

Министерот Валас рече дека Велика Британија ќе испрати и дополнителни 10.000 парчиња артилериска муниција. Валас ја даде оваа изјава во Осло, каде што разговараше со сојузниците за продолжување на воената помош за Киев.
Хеликоптерите претходно ги користеа Кралските воздухопловни сили и Кралската морнарица, а последниот од тој тип беше повлечен од употреба во морнарицата во 2018 година. паг/  

Остани поврзан